Славниот модел Емили Ратајковски во март стана мајка на малиот Силвестер Аполо Бер. Оттогаш таа на социјалните мрежи редовно споделува детали од нејзиното секојдневие како мајка…
29-годишната манекенка на својот инстаграм-профил овојпат повторно сподели фотографии на кои го дои својот син Силвестер.
„Ако ви се чини дека секогаш дојам, навистина е така“, напиша Емили во описот на нејзината објава која за само неколку часа собра повеќе од милион лајкови.
„Уживај во секој момент“, „Драго ни е за тебе“, „Тој е голем и сигурно му треба многу млеко, вршиш одлична работа мама“, беа дел од бројните коментари од нејзините обожаватели.
Американската манекенка стана мајка на 8 март на синот Силвестер. Тоа е нејзиното прво дете со нејзиниот сопруг, филмскиот продуцент Себастијан Бер – Меклард.
Ратајковски уште во текот на нејзината бременост почна да објавува фотографии славејќи ја менливоста на женското тело, воедно поздравувајќи ја новата фаза од нејзиниот живот – мајчинството.
Откако стана мајка пак, како и голем број жени низ светот, Емили се обидува да ги тргне сите предрасуди поврзани со мајчинството и доењето и тоа го прави навистина успешно до сега.