Бројот на жртви од разорните поплави во Германија се искачи на најмалку 42 загинати, соопшти полицијата Дополнително уште неколку лица се водат како исчезнати по поплавите во западна Германија. Околу 20 лица загинеле во регионот околу градот Арвајлер објавија локалните германски медиуми. Во местото Шулд во Рајнланд-Пфалц поради поплави се урнале шест куќи, додека во Арвајлер луѓето се спасувани од покривите.
Покраините Северна Рајна Вестфалија и Рајнланд-Пфалц, беа најтешко погодени од екстремните временски услови кои погодија дел од западна Европа. Улиците во повеќе населени места во овие покраини се под вода, што на места целосно ја оневозможува интервецијата на екипите на противпожарната служба и на службите за медицинска помош.
Двајца пожарникари загинаа за време на операциите во областа Маеркишер Крајс во Северна Рајна Вестфалија. 46-годишник починал откако паднал во вода додека спасувал човек по силниот дожд, а 52-годишник колабирал на операција поврзана со невремето, соопшти полицијата.