Денеска во попладневните часови е приведено уште едно лице од организираната криминална група поврзано со трговијата на дрога. Со тоа во акцијата „Планина“ вкупно се приведени 22 лица, јавува порталот „Локално“.
Уапсените ќе бидат предадени на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, по што, ќе бидат спроведени во Кривичниот суд.
Акцијата е се уште во тек, се трага по уште неколку лица, а вклучени се и специјалните единици.