Откако раководството на Интер одлучи да го продаде Хакими, а потоа и Лукаку, двајцата најдобри играчи од минатата сезона, расте незадоволството помеѓу останатите фудбалери. На актуелниот италијански шамион може да му се случи „распад систем“.
Интер е во тешка финансиска ситуација, па кинеските сопственици јасно порачале дека мора да се продава и тоа најдобрите. Сега, според информациите од Италија, уште тројца играчи се на излезната врата, Лаутаро Мартинез, Марсело Брозовиќ и Милан Шкриниар. Навивачите и така се бесни со заминувањето на Хакими и Лукаку, а доколку заминат и овие тројца, веројатно ќе има излив на незадоволство.
