Министерот за здравство Меџити на новинарско прашање одговори дека договорот за изградба на Кичевската болница е раскинат пред две недели. Оваа болница се гради цели 33 години.
„Се шпекулираше цело време дека нема да се раскине тој договор – веќе е раскинат, отприлика пред 2 недели, така како што се заложивме од првиот ден со кабинетот кажавме дека сите спорни прашања, сите спорни проекти во здравство што не се градат со децении, која голгота беше кичевската болница 33 години. Како што знаете со штипската, ги решаваме сите отворени и спорни прашања, така и со кичевската – веќе е раскинат. Тоа што можам да споделам со вас или пред нова година или после нова година зависи од процедурите ќе биде објавен и тендерот за доградбата за штипската клиничка болница, така ќе продолжиме и со кичевската болница“, рече Меџити.