Цените на хотелите во Мексико никогаш не биле поевтини, тврди владиниот секретар Драги Рашковски, во изјава за ТВ 24.
„Одморот ми е планиран пред неколку месеци. Така да искрено не можам да знам однапред што ќе се случува на политичката сцена неколку месеци подоцна. А во однос на тоа зошто Мексико: затоа што цените на хотелите не биле никогаш поевтини. Проверете на Booking. За 14 дена имате хотели со 4 ѕвезди за 350 евра“, вели Рашковски.