Вишото јавно обвинтелство Скопје предложи, а Апелациониот суд прифати гранација од 500.000 евра, па поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски излегува од затворот во Шутка. Тој ќе биде во домашен ефективен притвор.
-Ве известуваме дека Вишото јавно обвинителство Скопје, по предметот оформен по поднесена Жалба на обвинетиот Д.Р. со понудена гаранција, до Апелацискиот суд Скопје согласно законските надлежности достави писмен предлог со кој му се предлага на Судот да ја уважи жалбата на обвинетиот, да ја прифати понудената гаранција во висина од 30.686.215.00 денари и да ја замени мерката притвор со понудената гаранција, информираат од ЈОРСМ.
Нешто подоцна од Апелациониот суд известија дека одлучиле позитивно по жалбата, односно понудената гаранција.
Инаку, против поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски во моментов се водат две истраги, кои се однесуваат да спроведени тендери за набавка и за одржување на софтвер за сообраќајни прекршоци.