Според информации на порталот „360 степени“, Рашковски пристигнал на адресата каде ќе ја издржува мерката куќен притвор. Порталот пренесува дека полициски службеници од Аеродром предмалку го транспортирале од затворот „Скопје“ во Шуто Оризари до неговиот дом.
Ваква одлука донел Апелацискиот суд кој ја испратил одлуката до Основниот кривичен суд во Скопје. По ваквата одлука Рашковски го напушта затворот „Скопје“, каде се наоѓа од април годинава.
Претходно, Вишото јавно обвинителство – Скопје потврди дека се согласило Драги Рашковски да излезе од притвор и да се брани од слобода со гаранција од 500 илјади евра.