На првиот академски час на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје присуствуваше министерот за правда Никола Тупанчевски, кој е кадар токму од овој факултет, а меѓу другите професори кои им посакаа успешна година на студентите беше и Драги Рашковски кој е вонреден професор, побјави „360 степени“.

Рашковски беше генерален секретар во Владата на Зоран Заев, функција од која се повлече по објавување на аферата „Софтвери“. За неа против него се води и судски процес. Обвинението за ова опфаќа два тендери – за софтвер за сообраќајни прекршоци и уште еден за биометриска идентификација. Двата, според обвинителството, никој не ги барал и не ги користел. Исто така, обвинението опфаќа и исплата на хонорари од кои, според обвинителството, ексгенералниот секретар дел зел за себе.