Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, во вторникот од Деканатот на Правниот факултет на УКИМ побарал да биде вратен на професорското место објави Телма.
Работното место на Рашковски како вонреден професор било ставено во мирување. Според Деканатот толкувајќи го Законот за избрани и именувани лица, Рашковски бил функционер само додека бил владин генерален секретар, а потоа бил именуван единствено од премиерот Зоран Заев во неговиот кабинет.
Спорно било дали неговото работно место било функционер или административен службеник во Владата, бидејќи станува збор за позиција „секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализација на програмата на Владата и на стратешки проекти“.