Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашовски, оди во притвор во Шутка. Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција ја прифати денеска жалбата на Јавниот обвинител и го преиначи решението на судијата на претходна постапка кој му определи куќен притвор.
Освен за Рашковски, 30-дневен притвор му е изречен и на управителот на фирмата Инвока, а во врска со случајот со спорната набавка на софтвер за сообраќајни прекршоци.