Порталот „360 степени“ откри дека поранешниот генерален секретар, а сега само советник во владата, Драги Рашковски имал луксузен џип Волво, кој не го пријавил во анкетниот лист, кој секако мора да го поднесат сите функционери.
На денешната прес-конференција Билјана Ивановска од Антикорупциска комисија одговарајќи на новинарско прашање рече дека ќе биде пријавено во Финансиска полиција доколку поранешниот секретарот на премиерскиот кабинет прикажал нереален анкетен лист.
– Доколку утврдиме ние разлика помеѓу имотот што е прикажан и месечните приходи што ги има, таков е нашиот закон, тогаш одиме чекор понатаму за испитување на имотот и тогаш нели се вклучуваат и други институции како што е финансиска полиција. Они имаат посебни методи за истражување и тоа ќе си го докажуваат,но ќе повторам дека е неопходен законот за потекло на имотот рече Ивановска.