23-годишниот американски рапер Рики Хок, попознат по уметничкото име Силенто, беше уапсен под сомнение дека минатиот месец го убил својот братучед со истрел од огнено оружје, пренесуваат странските медиуми.

Полицискиот оддел во округот ДеКалб соопшти дека го уапсила проблематичниот рапер, врз основа на низа докази поврзани со убиство.

Денес, Рики Хок (23) беше уапсен за убиство на неговиот братучед Фредерик Рукс (34)“, се вели во соопштението објавено на 1 февруари.

Instagram
Instagram

Рукс беше пронајден мртов со прострелна рана“, додаваат тие.

Ова не е првпат Силенто да има проблеми со законот. Раперот во август минатата година беше уапсен под обвинение за семејно насилство, а подоцна истата година повторно беше уапсен откако влегол во дом на непознати луѓе и ги нападнал со оружје.

Раперот е познат по неговиот голем хит „Watch Me (Whip / Nae Nae)“, кој е прегледан над 1,7 милијарди пати на „Youtube“, кој беше проследен со вирален танц низ светот веднаш по објавувањето.

Кореографијата од видеото стана многу популарна и многумина ги имитираа неговите движења објавувајќи снимки од танцот на социјалните мрежи.