Пишува: Владимир Перев за БГНЕС
Република Северна Македонија е земја на датуми кои би требало да означуваат некаква нејзина “државотворност“ и земја на договори кои никој не сака да ги почитува. Ние македонците не можеме да одговориме на елементарното прашање, кој е датумот на нашата државност, дали е тоа 24 мај, Денот на Светите браќа Кирил и Методиј, дали е тоа 2 август, денот на Илинденското востание, или денот на Заседанието на АСНОМ 1944 година во манастирот “Св. Прохор Пчински“, дали е тоа 11 Октомври, денот на востанието против фашизмот, дали е Денот на референдумот за осамостојување од 8 септември 1992 година, или пак 23 октомври, денот на формирањето на легендарната ТМОРО. Во свеста на обичниот човек, тоа се привилегирани неработни денови, во кои секоја партија се фали со своите успеси, а најчесто лаже за нешто што воопшто не го постигнала. Сите овие денови се поволна прилика да се плука и навредува “бугарскиот фашистички окупатор“, прилика која секоја партија, безразлично дали е лева или десна ја ползува за да го покаже својот патриотизам, најчесто обичен, гол антибугаризам, прикриен под синтагмата дека “ние го почитуваме обичниот бугарски човек и целиот бугарски народ, ама државната политика…“ Е, тука нема рамки, навредите можат да одат бесконечно и на сите нивоа.
Треба да се напомене дека од посочените датуми, три припаѓаат на бугарскиот етникум во Македонија и на Бугарија воопшто, како што се Денот на Светите браќа Кирил и Методиј, Илинден 1903 година и денот на формирањето на ТМОРО, а другите два, како што се востанието против фашизмот на 11 октомври 1941 година и Илинден 1944 година припаѓаат на српско-југословенската и коминтерновска македонска општност. Останува само денот на Референдумот за самостојност, со “опашката“ која ја влече во своето прашање, за “право на слободно обединување со другите југословенски народи“. Толку од нашите, македонските славни датуми.
Покрај наброените датуми, Македонија е и земја на три договори: Охридскиот рамковен договор од 13 август 2001 година, Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија од 1 август 2017 година и Преспанскиот договор од 17 јуни 2018 година.
На 13 август оваа година ќе има големо чествување по повод 20-та годишнина од Охридскиот рамковен договор, кого многумина го нарекуваат и мировен, затоа што стави крај на вооружениот конфликт меѓу албанската и македонската заедница во 2001-та година. Албанската општност во Македонија овој договор го чествува како ден на победата и на силата на албанското оружје, поддржана од меѓународната заедница и основа за натамошно развивање на правата на албанската заедница во Македонија. Иначе, преговорите се одвивале во вилата Бојана во Охрид речи си цел месец, со прекини кои навестувале дека во Македонија е можна граѓанска војна од пошироки размери. Договорот е потпишан од сите тогаш релевантни фактори во македонскта политика: председателот Борис Трајковски, Љубчо Георгиевски како председател на ВМРО ДПМНЕ, Бранко Црвенковски во името на СДСМ, Арбен Џафери и Имер Имери од името на албанските парти, како и меѓународните гаранти Франсоа Леотар и Џемс Пердју. Треба да се каже дека договорот е напишан и потпишан само во верзија на англиски јазик. Во длабоката сенка на собитијата се оружјето на Ослободителната војска на албанците и нивниот лидер Али Ахмети, кои сепак не се поканети и не присуствуваат на потпишувањето на договорот. Во својата суштина, Охридскиот договор во основа ги содржи гледиштата на САД за потребни реформи во Македонија изнесени уште во периодот од 1994 до 1996 година, а кои се однесувале на човековите права и правата на етничките Албанци, но во Македонија на тоа никој не обрнувал внимание-ги сметале за небитни. Сепак, во Договорот не се содржани првичните барања на ОНА за отцепување на албанските области од Македонија.
Со овој Договор се ревидира Законот за локална самоуправа и на локалните власти им се даваат огромни овластувања, се воведува принципот на недискриминација на личноста, воведување образование на мајчин јазик на етничките заедници, сето на сметка на државата и праведна застепеност на етничките заедници во изборот на органите на правосудието и Уставниот суд на државата.
Сепак, најважни се две придобивки за етничките заедници во Република (денес) Северна Македонија: 1. Финансирање од страна на државата ќе се обезбеди за високо образование на јазиците на коишто зборуваат најмалку 20% од населението во Македонија. Низ цела Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик. Кој било друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од населението, исто така е службен, и 2. Во однос на симболите, Охридскиот договор предвидува непосредно до симболот на Македонија, локалните власти да може на предната страна од локалните јавни објекти да постават симболи со кои се обележува индентитетот на заедницата која е мнозинство.
До денешен ден Охридскиот рамковен договор е генератор на недоразбирањата мегу македонската и албанската заедница во државата. Недоразбирањата се баш околу думата “рамковни“, поточно околу величината на рамката и количината на правата кои се бараат во таа рамка. Од албанската страна доаѓаат се понови и понови барања, а македонската страна се труди да ги минимизира и маргинализира. Сепак, Договорот се применува во неговата најекстензивна форма по однос на јазикот и правата на симболите. Денес албанскиот јазик е рамноправен со македонскиот на сите нивоа, како државен јазик, а Северна Македонија во сушност е станата двојазична држава. Заради тоа, и другите народи посочени во уставот на Македонија ги имаат истите национални и јазични права како албанскиот и македонскиот. Затоа и се слушаат повиците од некои македонски интелектуалци и партии, дека мултиетничноста на државата, де факто е двоетничност, што понатаму ќе води до федерализација и распад, поделба на државата.
Најголемата иронија на сето ова е што во Охридскиот договор никаде не се спомнуваат думите “албанци“, “албанско“ и слично. Секаде фигурира изразот “етнички заедници“ а фамозната бројка од 20% на некоја етничка заедница која треба да остварува свои права е одамна надмината, релативизирана и подложна на “проценка на удобноста на моментот“. За симболите и да не говориме, низ половина држава се веат албански знамиња, без нито едно државно македонско.
Македонската непопусливост во давањето на човековите права на поединците и етничките заедници од една страна, и силата на албанското оружје и нивната решителност за одлучна борба, доведоа до Охридскиот рамковен (или мировен) договор. Тука е и поддршката на албанците, дадена од целокупната светска демократска заедница. Та поддршка не изостана и кон Грција, во нејзината борба за името на Македонија, де факто борба за елинското античко наследство. Објективно гледано, Договорот ги започна процесите на вистинската децентрализација на Македонија и воедно посочи за нужноста за почитувањето на човековите права во земјата, како неопходен елемент за приопштување кон вредностите на европската заедница. Тоа е само почетокот, иницијацијата, другото останува на нас самите.
Бугарската општност во Северна Македонија, требе да ги прими поуките од овој Договор и да се бори за “рамките“ на своите права во својата Македонија, безусловно поддржана од политиката на Софија. Исто така, на Софија останува задолжението да ја анимира меѓународната општност за правата на бугарите во Македонија и да ја обезбеди нивната подршка, онака како што тоа Тирана го правеше, тихомолком скриена зад своите дипломатски претставништава низ светот, а најмногу во Вашингрон, Њујорк, Берлин и Брисел.
Затоа, треба да го надминеме поимањето на Охридскиот договор како некаков македонско-албански договор, туку тој да се прими и и прифати како еден општоетнички договор на граѓаните на Северна Македонија во остварувањето на нивните права. Од тој договор поуки треба да извлече и бугарската општност во Македонија во профилирањето на своите права и систематизирањето на сопствените барања пред мнозинскиот македонски народ. Разбира се, позициите и решителноста на Софија, остануваат императив во реализирањето на правата на македонските бугари!
Само во тој случај, ќе се намалат, стеснат “рамките“ на навредите на некои поединци и медии од Македонија кон целата бугарска општност, само така ќе се дојде до вистинско разбирање мегу двата народи и држави. Тоа ќе биде нашата привилегија од Договорот во кој не се споменува нито една нација поименично!