Рамиз Мерко од општинскиот буџет потрошил 27.500 евра во 2020 година за репрезентации, односно за јадење по ресторани, објави Алсат. Во изминатите три години, односно за 2018, 2019 и 2020 таа сума изнесува скоро 78 илјади. Парите се трошени од програмата „Градоначалник – за расходи и репрезентација“. За овие трошења реагираа од опозицијата, а зачудува како е можно да биде 27.500 во 2020-та година особено кога се знае дека е пандемија, па долго време рестораните и угостителските објекти не работеа. Мерко бил недостапен за одговор на што ги потрошил парите.