Аналитичарот Исмет Рамадани во емисијата 24 анализа рече дека во 70тите години надвор заминале само по еден или двајца од семејството.

– Децата остануваа дома, а потоа во 80тите имаме бегање поради репресија која беше пренесена од времето на Југославија. Тогаш имаше интелектуалци кои си заминаа. Во 90тите имаме еманципација на Албанците и тогаш имаме друг феномен. Се раѓаа помалку деца. Имаме иселување во последно време на цели семејства. Иселувањето е поизразено во полшкиот дел. – рече Рамадани.