Познатиот аналитичар Рамадан Рамадани преку социјалната мрежа Facebook им се обрати на сите можни завидливци по големиот европски самит во Тирана, предупредувајќи ги дека ако Албанија ја освои и Евровизија, Албанците од земјава немаат удел во тоа, но ќе се радуваат како за свој близок и комшија.
„Навремено предупредување до сите можни завидливци после вчерашниот голем европски самит на голема Европа во Тирана-Албанија: ако Албанија вечерва ја освои и Евровизија, ние Албанците од тука немаме никаков удел и учество во целиот тој успех. Освен што се радуваме и сме горди, како што впрочем е природно секој за свој близок и комшија“, напиша Рамадани.