Пишува: Рамадан Рамадани
Написите започнуваат со наслови, но некои написи треба да започнат со појаснување на насловот. Ова може да биде случај и со овие зборови кои не се ставени само за рима, а ниту само да се додадат во базата на податоци за вештачката интелигенција во темите Рамадан и Азербејџан. Туку овој наслов уште од почеток ја прикажува восхитеноста на авторот од оваа прекрасна земја и гостопримливите луѓе кои ме фасцинираа при посетата, за прв пат, по повод една меѓународна конференција.
Бидејќи по препорака на познатиот истражувач по меѓународни односи од Албанија, др. Арбен Рамкај, бев поканет и учествував на меѓународна конференција во Баку – Азербејџан, на тема правото на враќање на Азербејџаните протерани од Западен Азербејџан, една трогателна тема, која, како што рече еден хрватски истражувач со кој се сретнавме за време на конференцијата, само ние од Балканот можеме целосно да ја разбереме и разјасниме. Но, како што забележав во многу работи, дури и ние од овде имаме многу да научиме од таму. Од најфините и најгенијалните работи што можат да почнат да се користат во овие наши земји беше и една топографската карта која што висеше во една културна институција. Картата беше стара, од времето на првата република на Азербејџан, по Првата светска војна и беше руска публикација. Топографска карта во голем формат со точни локации и координати, но која беше карта на целиот Јужен Кавказ. Значи, ова не е некоја карта само на границите на сегашниот политички Азербејџан, а ниту на целиот географски и историски Азербејџан, туку двата овие Азербејџани беа на таа карта. Генијално како откритие, политички коректно и инклузивно, бидејќи Азербејџан беше целиот таму, како и другите соседни земји. Така со чести посети и контакти што имаше таму од земјите од нашиот регион, можеби ќе научиме и ќе почнеме да користиме и на Балканот вакви карти за Македонија, Бугарија, Србија и Албанија?!
Азербејџан е земја во пораст и во развој, толку што стана важен регионален и глобален фактор. Доволно е да кажам дека непосредно пред оваа конференција на која бев јас, се одржа „COP29 Азербејџан“, глобалниот самит на ОН за климата. Со совршена организација и големо значење за целата планета. Со жалење утврдивме дека само Македонија, од сите земји во регионот, сè уште нема дипломатско присуство во оваа толку важна земја и престолнина.
Кога би ја сумирал посетата и впечатоците од оваа многу импресивна земја во споредба со земјите и државите што ги имам видено ширум светот, тоа би било само во една реченица: Широко како во Канада, богато како во Арабија, можности како во Лондон, хигиена и функционалност како во Швајцарија. Можеби за читателите кои се уште се чудат како Азербејџан учествува на Евровизија и игра во УЕФА, треба да објаснам зошто ја споредувам оваа земја со Швајцарија во Европа. Но, Азербејџан е и беше Европа. Таман како Швајцарија и како нас, уште не сме членки на ЕУ, но Европа, да. Многу рано беше културна и историска Европа, иако географски може да изгледа далечна. Европската литература, култура и музика постоеле таму од памтивек, можеби многу порано отколку во некои делови на Балканот и Анадолија.
Таму видов пијано што е постаро од некое во било кое друго место, пример во Романија. Дури таму во тврдината на Баку ни кажаа дека градот се развил со историска метафора спротивна од многу земји, сега Европа, но порано само Скандинавија. Внатре во тврдината имаше останато Азија, а надвор од тврдината беше Европа. Иако не со овој паралелизам, туку овој европеизам беше истакнат и елабориран во многу културни дела; нивни и странски.
Г-дин Фузули беше судија во Украина. Тој беше Азерски турчин, поранешен заменик и претставник на Азербејџанците во Украина и во тоа својство учествуваше на конференцијата. Се разбира, го прашав многу за мојата љубов Украина, каде што поминав една недела како млад човек, одамна во млада Украина, 1992 година. И кога од прашањата сфати дека знам многу за неговата земја, Русија, Крим, идентитетските дилеми, конституирањето украинската нација, европската помош и друго, и го прашав кој од овие е најголемиот проблем на Украина, тој ми одговори на руски, иако меѓу себе зборувавме турски: Корупција! „Затоа тука функционира“, ми рече, покажувајќи со прст преку прозорецот на автобусот и алудирајќи на неговата родена земја, Азербејџан. Се разбира, тоа го кажа гордо бидејќи се работеше за негова матична држава, но се гледаше дека е јавен службеник и праведен судија кој го знае вистинскиот непријател на државата: корупцијата. За тоа Азербејџан ми се виде функционален како Швајцарија.
Г-ѓа Николета беше романски експерт која долги години живеела во Баку како дипломат и сега како вљубена во Азербејџан со нетрпение користеше секоја можност да дојде и да се врати дури и на неколку дена во нејзината омилена земја и град Баку, каде што многу ми помогна со контакти и дополнителни посети за разгледување на културната соработка меѓу нашите две земји и култури. И објаснував на експертката дека чистотата ја имаат од исламската религија, бидејќи исламот условува повеќедимензионална хигиена за вршење на верските обреди. Самиот човек треба да биде чист, а и местото и облеката. Како зборувавме на англиски и како колеги експерти, двајцата доктори по историја, не разбра дека јас сум и оџа, но дури сега и се разјасни дилемата што ја чувала во себе со години.
Така во Азербејџан, со традиционално шиитско исламско мнозинство, има храмови и „месџиди“, но од прв впечаток таму религијата беше „тахарет“(чистотија) и токму тоа, од длабоко ја правеше оваа земја да биде, како во Швајцарија чисто. И на крајот, суштината на мојата восхитеност со оваа земја, секако беше културата. Во нејзината најширока смисла. Која вклучува теписи, чаеви, храна, но и музика и сликарство. Пак треба да се легитимирам и да покажам дека сум познавач на турскиот јазик, култура, па дури и турскиот културен код. И на древното и на модерното. Го знам Инек Шабан, но знам и која е Асена. Но, изгледа дека само во Азербејџан го пронајдов она оригиналното „турско“. Од оригиналните сарми и долми и разликата меѓу нив, во готвењето и именувањето, па се до сфаќањето зошто некој чај кај нас го нарекле „руски чај“. Сето тоа при восхитеност, глас и звуци на музиката на која наидов таму за прв пат на концерт, на кој присуствувавме како дел од богатата културна програма на конференцијата: Арзу Алијева.
Таму дознав дека „турското“ кое дошло кај нас и неговиот сегашен глобален извозник Турција, сигурно било под големо влијание и измешано, меѓу другото и со измамници од Балканот и Блискиот Исток, од оние кои додаваат вода во бозата, но во Азербејџан го најдов она оригиналното „турско“. Јадења, мотиви, песни, зборови и изрази кои сме ги знаеле само како турски, и од Турција испадна дека се направени и кажани прво токму таму: во Азербејџан. Восхитен, ми преостанува само да кажам: Ви благодарам и довидување!