„Отворен Балкан“ е важен за нашите луѓе. „Отворен Балкан“ е важен простор кај што се раѓаат нашите деца и ќе живеат. Интересен е податокот неодамна објавен во Албанија дека над 60 проценти од населението го подржуваат „Отворен Балкан“, порача денеска од Охрид албанскиот премиер Еди Рама.
Tој нагласи дека покрај енергетската криза, која сите веќе ја чувствуваат, на портите ни чука нова криза за храна.
– „Отворен Балкан“ е уште еден начин да се справиме со кризите кои ни доаѓаат во нашите земји – изјави Рама.