Еди Рама е во Скопје, во Владата се одржува меѓувладина седница на Северна Македонија и Албанија. Прв на аеродромот во Скопје го пречека Артан Груби, а во обраќањето во Владата, Рама не заборави да го пофали.

-Верувам дека е најдобриот Албанец меѓу Македонците и најдобриот Македонец меѓу Албанците. За нас е задоволство и привилегија да имаме на ниво на секојдневната работа еден партнер кој многу му веруваме, изјави Рама.