На Самитот ЕУ-Запад што се одржува во Брисел, важен дел е и официјалниот пречек на гостите.

Во овој случај, домаќини се Шарл Мишел, претседател на Европскиот совет, Емануел Макрон, претседател на Франција (чија земја претседава со ЕУ) и Урсула фон дер Лајен, претседател на Европската комисија.

Според официјалниот протокол, претседателот на Србија, Александар Вуиќи, прв ги поздрави домаќините каде е направена официјалната фотографија.

Во сите случаи, сепак, се забележува топло добредојде кај сите шест лидери на земјите од Западен Балкан.

Но, сосема поинаков поздрав упати премиерот на Албанија, Еди Рама.

„Поздрав од Источна Македонија“, им порача Рама на претседателите Мишел, Фон дер Лајен и Макрон. Ваквиот поздрав предизвика и смеа.

Ова е уште една иронија на Еди Рама на адреса на Европската унија и Бугарија, земја која ја блокира Северна Македонија, а со тоа и Албанија, бидејќи ЕУ одлучи дека стартот на преговите со овие две балкански земји ќе биде во пакет.

ВИДЕОТО го објави косовската телевизија РТК, погледнете го ТУКА.