Премиерот на Албанија Еди Рама на самитот Отворен Балкан со порака до ЕУ. Очекува помош од ЕУ поради енергетската криза, а апелираше до европските лидери да не се повтори ситуацијата со пандемијата на ковид-19 кога го оставија Западен Балкан без вакцини.
-Ние тројца ќе им се обратиме писмено за да добиеме дополнителна финансиска поддршка како што тоа ќе биде направено за земјите-членки. Да не се повтори срамот и однесувањето во пандемијата, кога ние за да можеме да ги вакцинираме докторите и граѓаните купувавме и добивавме вакцини од Кина, Русија и Турција, а ЕУ не ги обезбеди за нас, остана затворена само за земјите-членки”, рече Рама.