Албанскиот премиер Еди Рама, на Твитер напиша дека бугарското МНР имало проблем со неговиот начин на зборување, веројатно однесувајќи се на сите критики кои тој ги кажа пред и по самитот ЕУ-Западен Балкан вчера во Брисел.
Ох! Бугарското Министерство за надворешни работи има проблем со мојот начин на зборување! Доволно е фер. И јас имам проблем со начинот на кој Бугарија сака да ги реши билтаралните прашања користејќи го процесот на проширување како средство за киднапирање на две земји од НАТО! Полека пријатели: Подигнете го ВЕТОТО или издржете се со мене!
Oh! Bulgaria's Foreign Ministry has an issue with my way of speaking!Fair enough.I have an issue too with the way Bulgaria wants to solve biletaral issues by using the enlargement process as e vehicle of kidnapping two NATO countries! Easy friends:Lift the VETO or bear with me!
— Edi Rama (@ediramaal) June 24, 2022