Премиерот Еди Рама, во пресрет на почетокот на Првата меѓувладина конференција Албанија-ЕУ, денеска му се заблагодари на албанскиот народ за трпението на долгиот пат кон европската интеграција и на оние кои, како што рече, и помогнале на земјата на нејзиниот пат до Унијата. За време на своето обраќање на заедничката конференција во Брисел, тој изрази благодарност до сите земји кои го поддржаа европскиот пат на Албанија, а особено ја истакна важноста на поранешната германска канцеларка Ангела Мекел, на која и честиташе бидејќи денес го слави роденденот.

Advertisements

Тој нагласи дека Тирана е свесна дека земјата има долг пат и оти оваа меѓувладина конференција секако не е „почеток на крајот“, туку дека секоја од нив е „крај на почетокот“ на процесот на пристапување во Унијата, а во изградбата на „европска и силна Албанија и силен и демократски отворен Западен Балкан“.

Прикажи повеќе