Албанија ќе учествува на Гран-при на часовници 2024 година во Женева, Швајцарија, односно на светскиот „Оскар“ на часовничарите, со дело на златарницата „Пиррос“, објави премиерот Еди Рама.

Тој на социјалните мрежи го сподели ова ремек-дело на златарницата „Пиррос“, со албански мотиви.

-Часовник со поле од 1.500 микроскопски чинии во црвен камен од Мурано, на кој се поставени 12 албански играорци од 0,9 милиметри, рачно изработени во жолто злато од 18 карати, кој беше прифатен на Гран при натпреварот на часовници 2024 во Женева, Швајцарија, или со други зборови светскиот „Оскар“ на часовничарите, каде благодарение на нашиот генијален златар, за првпат влегува и Албанија, напиша Рама.

Настанот, организиран од страна на швајцарската организација Grand Prix d’Horlogerie de Genève, секоја година ги наградува најдобрите часовници во светот. Тој нуди можност на меѓународната заедница да ги следи најновите трендови и иновации во часовничарство, со цел признавање и наградување на висококвалитетните креации, негување на часовничарската уметност и промовирање на оваа индустрија на глобално ниво.

Наградата во категоријата за хронографи му оддава почит на извонредното наследство на производството на фабриката Минерва, основана во 1858 година, која е позната по својата ексклузивна работилница за производство на висококвалитетни инструменти за мерење кратки временски интервали со извонредна прецизност.