Претседателот Арјанит Хоџа придружуван од потпретседателот Бастри Бајрами и генералниот секретар Алтрим Мамути оствари средба со Министерот за надворешни работи на Република Албанија, г-дин Игли Хасани.

На средбата се разговараше за заедничкото патување на нашите две земји кон Европската Унија и предизвиците што не очекуваат во иднина.

Претседателот Хоџа го информираше министерот Хасани за позиционирањето на Европската демократска партија, при што го потврди ставот дека е повеќе од потребно да се регрупираат сите проевропски сили во земјата за да се гарантира патувањето на земјата кон Европската унија.

Двете страни се договорија да продолжат со комуникацијата во насока на остварување на заедничките интереси.

Европска Демократска Партија