Шпанија во малото финале ја победи репрезентацијата на Француја (35:29) и ја освои бронзата на Мундијалот во Египет.
„Црвената фурија“ беше подобар противник во текот на целиот меч и заслужено се закити со бронзениот медал.
Шпанија од самиот старт направи предност од четири гола разлика, а најмногу што успеаја „петлите“ да сторат во првите 30 минути е да намалат дел од предноста на 16:13, резултат со кој се замина на одмор.
Во вториот дел Франција се доближи до еден гол разлика (16:15), но потоа Шпанците повторно се одлепија и не ја доведија во прашање победата.
Најефикасен во победничките редови беше екс членот на Вардар, Алекс Душебаев со осум голови. Кај Французите Уго Деска постигна 7 гола.