Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека вчера (07.04.2022) во  04:11 часот од Клинички центар во СВР Скопје е пријавено дека кај нив во бесознание, без видливи траги на насилство е донесен Д.Т. и веднаш му е пружена лекарска помош.

Донесен е во Ургентен без срцева акција и вратен е во живот. Не можеме да знаеме што се случило претходно ама нема знаци на видливо насилство. Критична е состојбата уште, велат од КАРИЛ.

Доцна синоќа неколку портали објавија дека ракометарот е донесен со тешки телесни повреди, што денеска го демантираат и од МВР и КАРИЛ од каде велат дека на неговото тело нема видливи траги од побреди.

СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот и за тоа соодветно ќе ја известиме јавноста.