Иван Ракитиќ кој долго време го носеше дресот на Барселона, пред почетокот на оваа сезона се врати во Севиља, каде што прерасна во голем фудбалер. Пред само неколку дена овие две екипи се сретнаа во Ла Лига, Барса славеше со 2:0 како гостин, а Ракитиќ играше до 63-та минута.
Интересно интервју даде Хрватот за „Ла Лига ТВ“. Имено, тој меѓудругото рече дека поминал прекрасни неколку години во Барса, каде гладта за победа била неверојатна. Учел од Чави и Иниеста на теренот, но и надвор од него.
-Додека ги гледав си велев себе си, навистина постои причина зошто се најдобри, вели Ракитиќ.
Тој во ова интервју го прозва Лионел Меси, иако сето тоа беше малку како на шега.
-Му реков, си ги дал сите тие голови, но попусто, јас имам трофеј кој ти никогаш нема да го освоиш. Никогаш нема да ја освоиш Лига на Европа, се смееше Ракитиќ.
Интересно е тоа дека и Ракитиќ и Лионел Меси биле на поразената страна во финалиња на Светски првенства. Ракитиќ со Хрватска во 2018-та во Русија, додека Меси во 2014-та во Бразил.