Според израелската спасувачка служба Маген Дејвид Адом (МДА), во нова рунда ракети истрелани од милитантите од Газа извршени се директни удари врз повеќе локации во Израел, вклучително и во Тел Авив.

„Следејќи ги црвените сирени за тревога во последните неколку минути, тимовите на Маген Дејвид Адом се упатени во области каде што се пријавени ракетни напди“, соопшти вечерва организацијата. Како погодени области се наведени Тел Авив, Ришон Лецион и Бат Јам.

Поголемиот дел од итни повици се фокусирани на областа Бат Јам.

Спасувачките тимови, исто така, „пребаруваат понатамошни области со извештаи за повредени жртви, вклучувајќи ги Јавне, Гиватајм, Бат Јам, Беит Даган, Тел Авив и Ришон Лецион“, според МДА.

Бригадите Изедин ал Касам, вооруженото крило на Хамас, соопштија дека истрелале дополнителни 150 ракети кон Тел Авив вечерва. Групата рече дека тоа е „одговор на бомбардирањето на станбената кула во центарот на градот Газа“.