Рафаел Надал нема да биде дел од УС Опен. Тоа самиот го соопшти преку социјалните мрежи обраќајки им се на фановите, кои секако ќе бидат разочарани. Имено, тој соопшти дека за него оваа сезона е зарвшена.

-Сакав да ве известам дека за жал морам да ја завршам сезоната. Искрено една година патам многу повеќе отколку што треба, па морам да направам пауза. Сфативме дека ногата не е добро и дека поради тоа не можам да бидам конкурентен. Тоа не е нова повреда. Тоа е истата повреда која ја влечам од 2005-та година.  Докторите тогаш не беа оптимисти, но сепак имав кариера каква што не можев ниту да замислам. Но, мора да се обидеме со поинаков третман за да се најде трајно решение и да ја продолжам кариерата уште неколку години, порача Надал.