Внуката на кралицата Елизабета и нејзиниот сопруг Едуардо Мапели се пресреќни што оваа година ќе се остварат во најубавата животна улога…
Принцезата Беатрис е бремена по првпат, со воодушевување објавија британските медиуми. Како што се наведува на официјалната страница на кралското семејство, бебето треба да пристигне оваа есен.
Веста дека повторно ќе стане прабаба, кралицата Елизабета ја прими со големо воодушевување. По сите немили настани кои се случија во британскиот дворец, конечно насмевката на нејзиното лице е вратена.
Принцезата Беатрис во јули минатата година се омажи во тајност, без никаква помпа, присуство на медиумите и официјални покани. Таа можеби не го замислуваше својот најубав ден така, но пандемијата на коронавирусот го направи своето.