Претседателот на Бугарија Румен Радев за во понеделник свика состанок на Советодавниот совет за национална безбедност, соопшти прес-службата на претседателот.
Темата е Интеграција на Западен Балкан во ЕУ. Улогата на Бугарија во проширувањето на ЕУ и во процесот на стабилизација и асоцијација, Република Северна Македонија и Албанија.
Премиерот Кирил Петков пред Народното собрание на Бугарија денеска изјави дека ставот на Бугарија за преговарачкиот процес за Република Северна Македонија не е променет, туку ќе биде надграден со работа на пет работни групи за изнаоѓање решенија за прашања како што се инфраструктура, економија, историја и култура.