Претседателот на Бугарија, Румен Радев рече дека во однос на Северна Македонија очекува владата строго да се придржува до декларацијата на Националното собрание, постигнатиот консензус и волјата на Бугарите да ги решат прашањата меѓу двете земји пред преговорите за членство во ЕУ.

Радев повторил дека бугарската позиција во однос на евроинтеграцијата на Македонија се базира на резултати, а не рокови и услови наметнати однадвор. Според него, секое отстапување на Владата од бугарскиот национален интерес ќе предизвика криза во власта.

„Потсетувам дека бугарската позиција во однос на евроинтеграциите на Република Македонија се заснова на јасно дефинирани принципи на резултати, а не на надворешно наметнати термини и услови. Секое отстапување на власта од бугарскиот национален интерес ќе предизвика нова политичка криза на власта“, додаде тој.

Радев ги повика советниците за надворешна политика на премиерот „во никој случај да не ги квалификуваат македонските Бугари како малцинство“.

Ова не одговара на реалноста, на Уставот на нашиот сосед. Тоа може да катализира сериозни проблеми во нашите билатерални односи и да го крене во воздух целиот процес на европска интеграција на Република Македонија“, додаде Радев.