Бугарскиот претседател Румен Радев разговарал телефонски со еврокомесарот за проширување на ЕУ, Оливер Вархеји.
Радев истакнал дека неговата земја е отворена за дијалог и дека поставила јасни прашања до РС Македонија и за истите очекува одговори и конкретни дела. Радев на Вархеи му кажал и дека агендата на билатералните односи помеѓу Софија и Скопје не треба да биде предмет на надворешни влијанија.
„Дијалогот треба да биде отворен и со посветеност од двете страни, што би требало да го придвижи напред евроинтегративниот процес на Македонија. Радев го потенцирал и почитувањето на правата на државјаните на Македонија кои отворено го истакнуваат бугарскиот идентитет, спомнувајќи ги прекинот на говорот на омраза од македонска страна и почитувањето на бугарската историја и културно наследство во Македонија, како актуелни прашања“ се вели во соопштението од Кабинетот на претседателот Румен Радев.