Бугарскиот претседател, Румен Радев, за време на неговата посета на Карџали изрази надеж дека нова политичка партија ќе предизвика раздвижување, мислејќи на очекуваната улога на партијата „Промената продолжува” на доскорешните министери Кирил Петков и Асен Василев.
Бугарскиот претседател изјави дека очекува парламентарните избори во Бугарија на 14 ноември да бидат фер, како и претходните на 11 јули, и ги повика одговорните институции да ги преземат сите неопходни мерки за да спречат манипулација.
-Се уште имаме купување гласови – тоа е видлива појава. Земја -членка на ЕУ не може да дозволи купување гласови и искривување на гласовите на граѓаните, додаде Радев.
Тој коменираше и за загубената доверба кон него од Движењето за права и слободи и ккао тоа ќе се одрази врз неговата претстојна кампања за претседателските избори. Според Радев, бугарскиот Устав не ги дели граѓаните по етничка и верска основа и ниту една партија нема право да го присвојува гласот на народот, да го подели и да зборува во нивно име.
Претседателот Радев кажа дека сега е време за коалиција, потсетувајќи дека во 46 -то Национално собрание имаше дијалог, но со идеја за малцинска влада, но со 65 пратеници немаше начин да се направи тоа. Во оваа идна коалиција, тој посочи дека нема место за партиите на статус кво-то.
Радев коментираше дека во два бугарски парламенти имаше ситуација на ќорсокак, што се повторуваше.