Румен Радев имал средба со Заев, на која присуствувале Ангела Меркел и Емануел Макрон, во Брдо во Словенија во рамките на самитот на ЕУ-Западен Балкан. Сепак, ниту на оваа средба немало напредок во приближувањето на ставовите околу спорот. Претседателот на Бугарија е категоричен, се додека не се смени однесувањето во Северна Македонија, како што вели нема да има промена на ставот.
Како што вели очекуваат да се искорени јазикот на омразата кон Бугарите и кон Бугарија, да се сменат соддржините во книгите и музеите, ставовите во државната политика и да се почитува договорот од 2017-та година, тогаш ќе кажат ДА. Но, Радев дополни дека попат, како што вели македонските-бугари мора да влезат во Уставот на Северна Македонија, да бидат рамноправни како останатите конститутивни народи како што се Македонците, Албанците, Бошњаците, Србите, Власите, Турците и Ромите.
-Нашите позиции се јасни. Додека сето ова продолжува, нашите сонародници, како и во годините назад, се уште се подложени на асимилација, доколку и натаму им се ускратуваат основните права и доколку не бидат целосно интегрирани во Северна Македонија како останатите народи, ние нема зошто да кажеме ДА за почеток на преговорите. Сакам да потенцирам уште нешто што им кажав на Меркел и Макрон. Кршењето на правата на македонските бугари, кои се граѓани и на Република Бугарија е и проблем за самата Европска унија, бидејќи кога се граѓани на Бугарија, тие се граѓани и на Европската унија, изјави Румен Радев.