Бугарскиот претседател Румен Радев разговарал телефонски со премиерот на Кралство Испанија Педро Санчес, јавува БГНЕС. Двајцата разговарале за теми поврзани со ЕУ, развојот на двустраните односи и епидемиолошката состојба во двете земји.
Радев и Санчес изразиле заеднички став дека проширувањето на ЕУ е инвестиција во стабилноста на земјите од Западен Балкан, но земјите од регионот треба да бидат охрабрени да градат стабилни добрососедски односи и да ги исполнат критериумите за влез во Унијата.