„Спроведувањето на копенгхашките критериуми е основен услов за почеток на преговорите на РС Македонија за членство во ЕУ. Очекувам неповратен прекин на дискриминацијата и говорот на омраза врз Бугарите во РС Македонија“, изјави претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, за време на неговата средба со претседателот на ГДУ Петар Колев и претседавачот на Националниот комитет Ѓорѓи Трендафилов, пренесува Трибуна.
Во своето излагање Радев истакна дека го оценува високо придонесот на претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев за возобновувањето на дијалогот меѓу двете земји , но подвлече дека е време политичките партии во РС Македонија да се ангажираат со реализација на огромниот потенцијал во меѓусебните односи , без да наметнуваат нови проблеми.
„Непосредниот дијалог на сите нивоа меѓу Бугарија и РС Македонија е од извондредна важност за решавање на отворените прашања меѓу Софија и Скопје“, истакна Радев и додаде дека Бугарија очекува прекин на говорот на омраза во учебниците по историја , во натписите на историските споменици, во музеите и во јавниот простор.