„Македонските Бугари се борат за рамноправност која што да биде гарантирана во нивниот Устав. Тие се борат за својата целосна интеграција во јавниот живот во РС Македонија.
Тоа е тотално спротивно од сепаратистичките намери и претензиите за малцинство кои што ги имаат луѓето со кои што се сретна претседателот Пендаровски“, изјави денеска бугарскиот претседател Румен Радев, пренесува БГНЕС.
„Секое избрзано дејство на бугарската Влада, секој позитивен сигнал, може да се толкува како некаков вид отстапка од бугарската страна. Посетата на бугарскиот премиер Петков беше избрзана“, додава Радев.
„Бугарската дипломатија треба да го користи својот капацитет целосно, и да не се поддава на надворешен притисок“, подвлече Радев. Тој истакна дека Бугарија е отворена за дијалог со РС Македонија и дека Софија го барала дијалогот во текот на проблемите меѓу двете земји.
„Политичарите од РС Македонија одеа во европските престолнини и ја прескокнуваа Софија. Но јас се радувам дека дијалогот почна да се случува. Во контакт сум со претседателот Пендаровски. Ќе бараме погоден момент за средба на високо ниво. Но се разбира дека тоа зависи и од неговите активности“, подвлече Радев.
Извор: Трибуна