Во Софија на 4 мај, ќе се одржи Национална конференција „Европска перспектива за добрососедските односи меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија“. Конференцијата е организирана од Инстититутот за историски истражувања кон Бугарската академија на науките (БАН) и Македонскиот научен институт под патронатот на бугарскиот претседател Румен Радев, јавува Трибуна.

Конференцијата што ќе се одржи во Националниот дворец на културата во Софија, а ќе започне во 10 часот локално време на 4 мај, ќе биде дел од активностите организирани од бугарската држава поврзани со одбележувањето на 119-тата годишнина од смртта на големиот бугарски револуционер Гоце Делчев.