Бугарија активно работи и ја поддржува европската перспектива на своите соседи од Западен Балкан како најбезбедна мерка за безбедноста, стабилноста и економскиот напредок на нашиот регион. Затоа, нашата земја очекува да постигне конкретни резултати на полето на економијата и поврзаноста, како и во однос на отворените билатерални прашања во дијалогот со Република Северна Македонија, изјавил претседателот Румен Радев на работна средба со амбасадорите на земјите членки на ЕУ и на Швајцарија, соопшти прес-службата на шефот на државата.
На средбата, на која учествуваше и потпретседателката Илијана Јотова, се разговараше за повеќе теми од европската агенда.
„Меѓу нерешените политички прашања се издвојуваат почитувањето на правата на македонските Бугари, засилувањето на јазикот на омразата и посегнувањата по бугарското културно-историско наследство. Оставањето на овие прашања по страна ќе го забави и напредокот во процесот на европска интеграција. Позитивен знак е интензивирањето на билатералниот дијалог со нашиот југозападен сосед со надградба на досега постигнатото. Но, Бугарија не очекува нови гаранции, туку уставни гаранции за почитување на правата на македонските Бугари, со нивно додавање во преамбулата на Уставот на Република Северна Македонија, заедно со наведените други делови на народите“, истакнал Радев.
Според бугарскиот претседател, тоа треба да се случи пред почетокот на преговорите на С Македонија за членство во ЕУ.
„Почитувањето на човековите права и исполнувањето на критериумите од Копенхаген за членство не може да се третира само како билатерално прашање меѓу Бугарија и СРМ, тие влијаат на основните европски вредности, не можат да се преговараат и се јасен показател за европската зрелост на СРМ. Тешко е да се прифати тезата дека во парламентот на земја кандидат за членство во ЕУ нема 2/3 мнозинство за да се изрази силната политичка волја за постигнување полноправно членство“, додаде Радев.
Исто така, според него, би било необјасниво да се внесе во обединета Европа идеологијата на поранешните тоталитарни режими. Радев нагласил и дека Бугарија не сака да внесува отворени проблеми во ЕУ и очекува разбирање, солидарност и поддршка од своите европски сојузници за прашањето за европската интеграција на СРМ.
Радев ги пофалил и приоритетите на новото француско претседателство со ЕУ, вклучувајќи ги и темите како што се стратешката автономија на Европа во областа на безбедноста и одбраната, воспоставување на одговор на кризи и акциони планови, обезбедување на безбедноста на надворешните граници на Европа и адаптација на Шенген зоната кон новите реалности.