Претседателот на Бугарија Румен Радев во наредните три месеци очекува зголемен притисок врз неговата земја за да го реши спорот со Северна Македонија.
„Очекувањата за компромис со Бугарија растат, бидејќи во последните години односите со Скопје се во ќорсокак и Бугарија остана изолирана, изјавил Радев за БНТ.
Тој смета дека Резолуцијата на македонскиот парламент, со која се истакнуваат јазикот и идентитетот како црвени линии, го зацементира неспроведувањето на Договорот за соседство од 2017 година.
Според него, Бугарија е најзаинтересирана Северна Македонија да стане членка на ЕУ исполнувајќи ги своите обврски.
Во врска со заштита на правата на луѓето со бугарска самосвест во Северна Македонија, Радев очекува да се отсрани лошата слика за Бугарија во учебниците, спомениците и медиумите и прекин на говорот на омраза.