„Немаме потреба од посредници, никој не ја познава подобро нашата историја од нас самите“, изјави бугарскиот претседател Румен Радев, за време на својата посета во Италија, по повод предлогот европски историчари да станат дел од мешовитата македонско-бугарска комисија за историја, јавува БГНЕС.
„Многу пати сум му го кажувал тоа на претседателот Пендаровски, од нас зависи, од еден отворен и конструктивен дијалог со Софија кој што се темели на историските аргументи“, подвлече Радев.
„Комисијата ќе сработи што треба за историјата, но најважно е ние на највисоко политичко ниво да ги направиме првите чекори. Тие чекори не минуваат преку други европски главни градови и од таму да биде вршен притисок врз Бугарија, правилниот чекор е само еден во Софија. Тогаш ќе се решат сите проблеми. Ние треба да бараме стабилно и неповратно решение“, изјави Радев од Рим.