БГНЕС во вторникот објави дека на последниот коалициски совет на 27 мај свикан од бугарскиот премиер Кирил Пеков, се разговарало за заедничка посета на претседателот, премиерот и министерот за надворешни работи на Франција. Според учесниците во коалицискиот совет, се очекуваше таму да биде одобрен предлогот на претседателот Макрон, со што ќе се укине ветото за почеток на преговорите за членство на РС Македонија во ЕУ.
Денеска претседателот на Бугарија, Румен Радев вели дека тој нема да оди во Франција.
-Нема напредок за отворените прашања меѓу Софија и Скопје, така што нема услови за моја посета на Париз на претседателот Макрон, сакам да видам реални резултати, ја ценам посветеноста и напорите на нашите европски партнери, рече Радев.
За зборовите на премиерот Петков дека сите одлуки на темата ќе минуваат низ Народното собрание, Радев рече: Последна опција е секогаш народот.
-Што се однесува до убедувањето на премиерот Кирил Петков дека последна опција за Република Северна Македонија е парламентот, морам да појаснам дека последна опција е секогаш народот и постојат уставни механизми за негова консултација, рече Радев.