„Забрзувањето на европската перспектива на Република Северна Македонија зависи само од нејзиниот ангажман и од резултатите од дијалогот со Бугарија“, изјави претседателот на Република Бугарија Румен Радев , пред почетокот на седницата на Европскиот Совет во Брисел , пренесува БГНЕС.
„Сакам да го фокусирам вниманието врз точката од дневниот ред што ја очекуваа сите европски институции, лидери и која во последен момент успеавме да ја симнеме од денешната програма. За тоа има причини и историја. Во последниот месец и половина Бугарија беше објект на притисок од европските партнери имено на денешниот Европски Совет да даде зелено светло за преговорите за членство на Република Северна Македонија“, рече бугарскиот претседател.
Радев потсети дека на минатиот Совет во мај Бугарија била во изолација посочувана со прст и обвинувана дека ги блокира преговорите со Република Северна Македонија и Република Албанија.
Во врска со тој случај претседателот Радев се сретнал со лидерите на европските институции, со претседатели , премиери, еврокомесари и со државниот секретар на САД.
„Верувам дека тие разбраа дека нападите кон Бугарија се неосновани. Дека имаме јасна позиција за изнаоѓање на излез од проблемот и дека инсистирам на гаранции за стабилни и неповратни резултати во двостраните односи. Време е да излеземе надвор од фамилијарната дипломатија за пред камери и да се фокусираме врз прагматичките решенија“, вели Радев.
Бугарскиот претседател е категоричен дека Софија инсистира на копенхашките критериуми за членство и не може да го подмине фактот со дискриминацијата на граѓани во Република Северна Македонија, само затоа што тие се чувствуваат Бугари. Нешто што е спротивно на европските вредности и принципи.
„Нема како да се согласиме и да и кажеме ДА на Р. Северна Македонија додека не видиме стабилни механизми за искоренување на извитоперениот расказ и тенденциозен однос кон Бугарија од учебниците, музеите, спомениците, медиумите и државната политика. Не можеме да кажеме ДА пред да бидеме убедени дека нашиот сосед , нема да го гради својот идентитет врз кражбата на бугарската историја“, подвлече Радев.