Претседателот на Р. Бугарија, Румен Радев, изјави дека Република Северна Македонија е должна веднаш да започне ефикасна истрага и кривично гонење за сите напади врз Бугарите, доколку сака да продолжи по патот кон европската интеграција. Неговиот коментар дојде по нападот врз новинарот и општественик Владимир Перев во Скопје.

„Крајно време е Република Северна Македонија да започне ефикасна истрага и кривично гонење за сите напади врз Бугарите таму. Тоа е единствениот начин оваа држава да ја добие својата европска интеграција“, нагласи Радев.

Претседателот прецизира дека лично го поставил прашањето и пред шефот на државата на Северна Македонија и пред премиерот во Скопје. Случајот со Перев, според него, е „добра причина конечно да започне вистинска промена“, бидејќи и сторителот и мотивот се јасни.