Претседателот на Бугарија, Румен Радев, одговарајќи на прашања од македонски новинари на Самитот во Молдавија, рече дека нема никакви укори кон Северна Македонија, туку државата, како што вели, треба да ги почитува правилата и условите за членство во ЕУ. Радев вели дека колку побрзо се сфати дека Бугарите треба да влезат во Уставот, толку ќе биде подобро.

-Немам апсолутно никакви укори кон Република Северна Македонија, како што велите вие. За нас е важно и за сите европски држави и за ЕУ, да се почитуваат критериумите за членство, тие се засноваат на почитување на човековите права и спречување на дискриминацијата. Мислам дека колку побрзо се сфати дека Бугарите во РСМ треба да се вметнат во Уставот на РСМ и да се гарантира рамноправност според законите, толку е подобро, изјави Радев.