Чествување за Гоце Делчев имаше и во Бугарија, а на него заеднички учествуваа бугарскиот претседател Румен Радев и премиерот Кирил Петков.
Двајцата попладнево положија цвеќе на споменикот на Делчев на плоштадот „Македонија“ во Благоевград. Градот е поврзан со револуционерот и неговото семејство, бидејќи таму се погребани неговиот татко и други негови роднини.
Петков денеска на социјалните мрежи напиша дека Делчев е бугарски револуционер и составен дел од заедничката историја со Македонија.