Со свој указ врз основа на чл. 129, став 3, точка 5 од Уставот, денеска бугарскиот претседател Румен Радев го разреши Иван Гешев од функцијата главен обвинител на Република Бугарија. Ова го соопшти прес-службата на бугарскиот претседател, пренесува Трибуна.

Врховниот судски совет (ВСС) на 12 јуни со 16 гласа „за“ и 4 гласа „против“ изгласа разрешување на Иван Гешев од функцијата главен обвинител. Ова стана возможно откако беше сменет потребниот број гласови за разрешување на јавниот обвинител од 17 на 13.

Ослободувањето на Иван Гешев дојде откако во својот програмски говор уште пред формирањето влада меѓу ГЕРБ-СДС и ПП-ДБ, Марија Габриел како тогашен кандидат за премиер изјави дека првата точка во работата на Министерството за правда ќе биде смена на главниот обвинител Иван Гешев.

Гешев ја презеде функцијата главен обвинител на почетокот на 2020 година. Неговиот мандат е седум години.

За да се заврши процесот до неговото сменување од функцијата, потребно беше ВСК да му испрати решение на шефот на државата и тој да потпише указ за разрешување од функцијата главен обвинител.